Спорт

Македонските ракометарки победнички на турнирот во Анкара

Во последниот натпревар избраничките на селекторот Грчевски ја соивладаа Словачка со 26:24

Со победата над Словачка од 26:24 во третиот и последен натпревар, женската ракометна репреентација на Македонија го освои турнирот во Анкара во рамките на неделата на ЕХФ.

Кипријаноска со 7, Ризоска со 5 и Гугуљанова со 4 гола беа најефикасни во македонскиот состав, ослабен со неиграњето на Ристовска и Младеновска, а Гакидова, Коцева и Јанкуловска постигнаа по 3.

Избраничките на селекторот Грчевски претходно славеа над домаќинот Турција со 29:26 и одиграа нерешено 23:23 со Словенија.

„Црвено-жолтите“ во почетокот од март ги очекува двомечот со аутсајдерот Белгија на 4 март во Хаселт и три дена подоцна во Куманово во квалификациите за Европското првенство 2026.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top