Спорт

Македонските репрезентативци продефилираа на свеченото отворање на 25. ЗОИ

Македонското знаме го носеа алпската скијачка Атанасовска и нордиецот Јада, а ќе настапат и алпинецот Петков и нордијката Цветановска

Четворицата претставници на Македонија на 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина продефилираа на свеченото отворање на стадионот „Сан Сиро“ и во околните места кадешто (ќе) се одвиваат натпреварувањата.

Македонското знаме го носеа алпската скијачка Јана Атанасовска и нордиецот Ставре Јада, а покрај нив на олимпијадата ќе настапат и алпинецот Виктор Петков и нордијката Ана Цветановска.

Атанасовска и Петков ќе се натпреваруваат во слалом и во велеслалом, а Цветановска и Јада во спринт и 10 км интервал старт.

Сите четворица имаат исполнето А-норма за настап на ЗОИ.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top