Спорт

Мицкоски убеден во прв пласман на Македонија на фудбалските мундијали

Премиерот очекува позитивен резултат од реваншот со Белгија на 10 октомври во Гент

Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Општина Јегуновце изрази увереност во успех на фудбалската репрезентација на Македонија во реваншот кај Белгија и историски пласман на светските првенства.

„Македонија ја бодриме секогаш и ќе продолжиме да ја бодриме, затоа што имаме една држава. Една таковина имаме, тоа е Македонија. Во тој период секако кампањата ќе биде во полн ек, така што ќе се обидеме во паузата помеѓу митинзите да го проследиме натпреварот и убеден сум во храбра игра на македонските фудбалери, голема борба и убеден сум во позитивен исход и Македонија првпат на Светско“, одговори Мицкоски на новинарско прашање дали ќе ја бодри Македонија против Белгија или ќе има активности во рамки на предизборната капања во тој период.

Пред дуелот со топ-фаворитот во квалификациската група Ј на 10 октомври во Гент избраниците на селекторот Благоја Милевски водат на табелата со 11 бода, еден повеќе од Велс и од Белгија, која има натпревар помалку.

Директен пласман на мундијалот ќе обедбеди најдобриот во групата, а втропласираниот ќе игра во баражот.

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top