Спорт

Пелистерци без сили за целосен кам-бек против Висла

Македонскиот првак со пет гола во низа се доближи до 19:20, но на крајот од мечот во ЛШ славеа гостите од Полска со 28:25

Иако херојски се вратија од тотално загубена ситуација, ракометарите на Еурофарм Пелистер немаа сили за целосен пресврт и со поразот од 28:25 против Висла во Битола уште повеќе си ги намалија шансите за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите.

Три кола до крајот македонскиот првак има четири бода помалку од ГОГ на шестото место во групата Б, згора во следното коло на 25 февруари ќе му гостува токму на тимот од Данска.

Домашните играчи со натчовечки напори и со серија од пет гола без одговор се доближија до 19:20, но со две загубени топки во следните два напада повторно му овозможија на ривалот резултатски да се одлепи и на крајот да слави пред исполнетите трибини на салата „Боро Чурлевски“.

Петар Атанасиевиќ, Жарко Пешевски и Домен Тајник со по 4 гола без промашување беа најефикасни во составот на Стевче Алушовски.

Најнови вести од: Спорт

To top