Спорт

Прв гол на Серафимов за Левски во Купот на Бугарија (ВИДЕО)

Дефанзивецот на македонската репрезентација го отвори резултатот во триумфот од 3:0 кај Хебар во Пазарџик

Никола Серафимов на најдобар начин одговори на укажувањето од селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, дека за натамошни повици ќе мора да игра повеќе за Левски, за кој денеска го постигна својот прв гол во победата од 3:0 кај Хебар во Купот на Бугарија.

Центархалфот со 23 настапи и еден гол за Македонија (во победата од 1:0 во Лигата на нациите лани во Скопје) го отвори резултатот само по две минути игра во Пазарџик, погодувајќи со глава по нафрлената топка од корнер во триумфот што го одведе лидерот во бугарското првенство во осминафиналето на Купот.

„Многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол за Левски. Денеска имав можност да играм повеќе време. Успеавме, тренерот ми помогна да се вклопам во тимот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот со мојата дефанзивна игра“, изјави тој. „Се надевам дека ова нема да биде мојот последен гол за Левски, туку ќе има уште многу. Сите се среќни што има силна конкуренција, ова помага. Мораме напорно да работиме секој ден, да ја чекаме нашата шанса и да го покажеме најдоброто од себе“.

Првенецот на Серафимов за Левски на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top