Спорт

Распродадени билетите за натпреварот Белгија – Македонија во Гент

На мечот од мундијалските квалификации в петок на „КАА Гент арена“ ќе има 20.185 гледачи, меѓу кои и 1.000 Македонци

Кралската белгиска фудбалска асоцијација (РБФА) објави дека се продадени сите влезници за натпреварот Белгија – Македонија в петок од 20:45 часот во Гент од квалификациите за Светското првенство 2026.

„КАА Гент арена“ има капацитет од 20.185 места за седење и сите ќе бидат пополнети, вклучувајќи и 1.000 наменети за гостинските навивачи, за кои билетите „пламнаа“ уште минатата седмица, како што објави Фудбалската федерација на Македонија.

Во реваншот со топ-фаворитот во групата Ј „црвено-жолтите“ влегуваат како лидери на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгијците, со кои ремизираа 1:1 во првиот меч во Скопје, а 10 бода има и Велс.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top