Спорт

Шкендија дебитира во Конференциската лига со пораз кај Рајо Валјекано

Бившиот клуб на Димитриевски работата ја заврши за четири минути од првото полувреме и победи со 2:0

Фудбалерите на Шкендија загубија со 2:0 на гостувањето кај Рајо Валјекано во своето деби во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Поранешниот клуб на голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски до трите бода дојде со два гола за четири минути во првото полувреме, кога Унаи Лопез го отвори резултатот во 28. минута, а Франсиско Перез го затвори во 32. минута.

Шпанскиот претставник доминираше во текот на целиот натпревар, за што зборуваат поседот на топка од 69:31 проценти, ударите кон голот (20:2), од кои 10:1 во рамките на голот, како и соодносот на корнерите (12:0).

Во второто коло на 23 октомври од 18:45 часот тетовци ќе го пречекаат Шелбурн од Ирска.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top