Спорт

Столе фати многу топки, но пред шармот на Ирина остана без одбрана(ФОТО)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, денеска стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Ирина Јанкуловска.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, денеска стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Ирина Јанкуловска. Свадбената церемонија се одржа во Шпанија – земјата каде што Димитриевски професионално живее и настапува – во интимен амбиент, далеку од очите на јавноста, со присуство само на најблиските пријатели и семејството.

За овој посебен ден, младенците избраа елегантен и софистициран стил. Ирина Јанкуловска блескаше во сатенски венчален фустан што ја следеше линијата на телото, надополнет со бела крзнена наметка и нежен бидермаер од рози. Столе Димитриевски, познат по својот впечатлив моден вкус, се одлучи за класичен црн костум со два реда копчиња и беспрекорна бела кошула.

Столе и Ирина се во врска околу една и пол година пред официјалното запросување. Таа беше покрај него и за време на потпишувањето на договорот со шпанскиот гигант Валенсија. Иако Димитриевски е неоспорен прв голман на македонската репрезентација, во клупскиот фудбал во Ла Лига минутажата му е ограничена.

И покрај приватниот карактер на церемонијата, парот сподели неколку возбудливи фотографии на социјалните мрежи – моменти пред општинската зграда, во дворот на нивниот дом и во ресторан, каде што се наздравуваше за почетокот на новото поглавје. Ова е во согласност со нивниот досегашен, дискретен, но отворен пристап кон споделување лични радости.

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Два дена по триумфот во затворениот натпревар во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација доживеа тесен, срцепарателно драматичен пораз од Јапонија со 31:32 (17:16) во последниот пријателски дуел оваа година.

To top