Спорт

Трамп ја доби првата награда на ФИФА за мир

Првиот човек на Светската фудбалска федерација, Инфантино, му ги врачи медалот и трофејот на претседателот на САД

Светската фудбалска организација ФИФА и официјално му ја додели новововедената награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на извлекувањето на групите за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„Наградата за мир на ФИФА ќе се доделува секоја година на истакната личност која е посветена на промовирање на мирот низ целиот свет преку своите непоколебливи акции. Како и сите овде во просторијата, гледаме слики од војна низ целиот свет, како и сите други страдаме за секое дете кое умира и плачеме со секоја мајка која губи некого кого го сака. Сакаме да видиме надеж и единство. Сакаме да живееме во безбеден свет. Дефинитивно ја заслужувате првата награда за мир на ФИФА, која ја освоивте на свој начин. Секогаш можете да сметате на мојата поддршка и на поддршката од фудбалската заедница“, му рече на Трамп претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по врачувањето на медалот за мир.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top