Спорт

Украинска пратеничка повика за мобилизација и на жени во армијата

Пратеничката во Врховната рада, Марјана Безуглаја, преку социјалните мрежи повика во украинската армија да се мобилизираат и жени, кои би служеле во заднинските редови. „А жените? Одамна требаше да воведеме мобилизација за одбранбените претпријатија и за позициите во задните редови. Не можете да добиете војна со половина сили“, пишува пратеничката. Таа, исто така, ги повикува […]

Пратеничката во Врховната рада, Марјана Безуглаја, преку социјалните мрежи повика во украинската армија да се мобилизираат и жени, кои би служеле во заднинските редови.

„А жените? Одамна требаше да воведеме мобилизација за одбранбените претпријатија и за позициите во задните редови. Не можете да добиете војна со половина сили“, пишува пратеничката.

Таа, исто така, ги повикува луѓето да излезат на улиците и да видат „колку здрави триесетгодишни мажи има, кои се борат веќе четири години“. Според неа, неправедно е што нема регулатива за служба во вооружените сили на Украина.

Најнови вести од: Спорт

Лазаров: Треба да бидеме задоволни од извлекувањето

Македонската машка ракометна репрезентација во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство 2027 во Германија и Хрватска ќе игра против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, чии натпревари се закажани за март 2026 година.

Јувентус импресиониран од македонската тинејџерка: Меланија Грозданова на радарот на европскиот гигант

Меланија Грозданова, една од најголемите надежди на македонскиот женски фудбал, во моментов престојува во Торино, каде што тренира со првиот тим на Јувентус – еден од најсилните и најпрестижни клубови во европскиот женски фудбал.

To top