Спорт

Видео на денот: Родителите на Волкановски во еуфорија по одбраната на УФЦ-титулата

Огромна радост кај таткото Тоде и мајката Марија кога сите тројца судии гласаа за победа на нивниот син против Лопес од Бразил

Видеото на денот доаѓа од Сиднеј, кадешто австралискиот ултимејтфајтер Александар „Велики“ Волкановски на 37 години по осми пати славеше во меч за титулата светски првак во перолесна категорија, а на тоа непосредно му сведочеа неговите родители до октагонот во арената „Кудос банк“.

Таткото Тоде, познат и како Тони, родум од битолското село Беранци, заедно со мајката Мери (Марија), моминско Калманидис, од Грција, не ја криеја радоста кога сите тројца судии му дадоа предност на нивниот син во борбата со Диего Лопес од Бразил.

Најнови вести од: Спорт

To top