Свет

74 удари со камшик за пеење без хиџаб (ВИДЕО)

29-годишната пејачка и нејзиниот тим биле обвинети за кршење на јавниот морал со производство и објавување „вулгарна и неморална содржина“ на интернет

Иранската пејачка Парасту Ахмади и осум членови на нејзиниот тим, вклучувајќи музичари, се осудени на 74 камшикувања за концерт што бил емитуван во живо на нејзиниот YouTube канал во 2024 година.

Тие биле обвинети за кршење на јавниот морал со производство и објавување „вулгарна и неморална содржина“ на интернет.

Според судските документи, кривичниот суд на покраината Ком ги осудил уметниците на камшикување, двегодишна забрана за напуштање на земјата и двегодишна забрана за уметничка дејност.

Во декември 2024 година, 29-годишната Ахмади извела патриотска песна („Од крвта на младите на татковината“) без хиџаб за време на пренос во живо што брзо стана вирално.

Кратко по објавувањето на видеото, таа била кратко приведена заедно со неколку музичари, но набрзо биле ослободени. Властите подоцна отвориле формална постапка за објавувањето на видеото.

Бахар Гандехари, директорка на Центарот за човекови права во Иран со седиште во САД, изјави дека „пресудата од 74 удари со камшик за Парасту Ахмади само затоа што пеел и се појавувал без хиџаб е уште еден потсетник дека состојбата со човековите права во Иран не се променила, и покрај воената пропагандна кампања на иранските власти насочена кон подобрување на нивниот јавен имиџ“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top