Свет

Американското воено воздухопловство остана без стратешки бомбардер Б-52

Авионот се урна кратко по полетувањето од воената база Едвардс во пустината Мохаве во Калифорнија

Стратешки бомбардер Б-52 Стратофортрес се урна денеска кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во пустината Мохаве во Калифорнија, соопштија од американската воена база.

Несреќата е пријавена околу 11:20 часот по локално време.

Екипите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата, кое се наоѓа на околу 160 километри северно од Лос Анџелес.

Во официјална објава на Фејсбук, воздухопловната база Едвардс соопшти дека дополнителни информации за инцидентот, состојбата на екипажот и причината за несреќата ќе бидат објавени за јавноста штом ќе станат достапни.

Бомбардерот Б-52 Стратофортрес е столб на американската стратешка авијација веќе седум децении, а цената по примерок е околу 95 милиони долари.

Тоа е масивен авион со осум мотори, кој може да носи до 32 тони нуклеарно или конвенционално оружје на растојание од повеќе од 14.000 километри без дополнување гориво.

Оперативните трошоци се исклучително високи и изнесуваат околу 70.000 долари за еден час летање, поради што САД моментално инвестираат милијарди долари во модернизација на моторите и радарите за да ја одржат оваа флота во употреба до 2050 година.

Најнови вести од: Свет

Проектот „Ноќни музеи“ повторно ги отвора вратите на културното наследство на Турција по зајдисонце

Проектот овозможува да се доживее античкиот свет под ѕвезденото небо на Турција и ги вклучува античките градови Ефес, еден од најдобро зачуваните римски градови во светот; Хиераполис, именуван по Хиера, сопругата на легендарниот основач на Пергамон; потоа Телеф, со својот осветлен театар, улици и травертински формации; како и добро зачуваниот Храм на Аполон во Дидима

Гнев во Израел. „Опасно е да се биде непријател на Америка, но фатално е да се биде нејзин пријател“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште јавно не се изјасникза за договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, но реакциите на провладините коментатори откриваат растечко незадоволство и фрустрација кон Вашингтон и администрацијата на Доналд Трамп

To top