Свет

Авионот со Педро Санчез принудно слетал во Турцција

Премиерот на Шпанија и минатата година, го пропушти состанокот за Украина во Париз на 4 септември 2025 година, исто така поради проблеми со авионот

Авионот со кој се наоѓаше шпанскиот премиер Педро Санчез синоќа изврши итно слетување во Турција поради технички проблеми, објави владата во Мадрид, потврдувајќи ги медиумските извештаи.

Санчез беше на пат кон Ерменија, каде што требаше да присуствува на состанок на Европската политичка заедница. „Шпанската делегација ќе преноќи во Анкара пред да го продолжи своето патување кон Ерменија наутро“, соопшти шпанската влада синоќа.

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Детали за природата на техничкиот дефект не се објавени. Европските лидери се собраа во ерменскиот главен град Ереван на состанок на Европската политичка заедница што започнува денес.

Шпанската државна новинска агенција ЕФЕ објави дека Санчез летал со официјален авион Ербас А310.

Премиерот Санчез и минатата година, го пропушти состанокот за Украина во Париз на 4 септември 2025 година, исто така поради проблеми со авионот.

Авионот „Фалкон“ потоа мораше да се врати во Мадрид поради технички проблем за време на летот, а Санчез учествуваше на состанокот виртуелно.

Најнови вести од: Свет

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

To top