Свет

Бараат слобода за Абдула Оџалан кој 26 години е во затвор

Оџалан, кој има околу 75 години, е затворен на островот Имрали во Мраморното Море во близина на Истанбул од 1999 година

Илјадници Курди демонстрираа во западногерманскиот град Келн за ослободување на лидерот и основач на Курдистанската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој е затворен во Турција, објави ДПА.

Според полицијата, 15.000 луѓе учествувале во маршот низ центарот на градот. Полицијата не даде точни бројки за вистинскиот број на учесници, но портпаролот рече дека учествувале неколку илјади.

За време на демонстрациите, повремено се палеле и фрлале ракети и огномет. Потоа полицијата отворила постапка против неколку лица. Не се пријавени поголеми инциденти и сè поминало непречено, изјави портпаролот на полицијата. Не се извршени апсења.

Забранетата ПКК објави оваа година дека ќе ги повлече своите борци од Турција. Овој потег беше дел од мировниот процес со турската влада. ПКК веќе симболично го положи оружјето во јули.

ПКК е наведена како терористичка организација од страна на Турција, Европската унија (ЕУ) и САД. Во мај, ПКК го објави своето распуштање по повик од Оџалан.

ПКК е основана во 1978 година од Оџалан во Турција, главно како одговор на политичкото, социјалното и културното угнетување на Курдите во земјата.

Од 1980-тите години води вооружена борба за курдска држава или автономен регион во југоисточна Турција.

Десетици илјади луѓе ги загубија животите во конфликтот.

Оџалан, кој има околу 75 години, е затворен на островот Имрали во Мраморното Море во близина на Истанбул од 1999 година.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top