Свет

Белгиски министер: Ќе ја срамниме Москва со земја ако Брисел биде нападнат

Крстосувачки проектил кон Брисел би го активирало Член 5 на НАТО. Путин нема да го стори тоа

 

Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, тврди дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ ако Русија некогаш го нападне Брисел. Во опширно интервју, Франкен се осврна на низа итни стратешки прашања, вклучувајќи ја војната во Украина, европската одбрана и нуклеарното одвраќање, објавува The Brussels Times.

Зарашан дали се плаши дека рускиот претседател Владимир Путин може да започне конвенционален ракетен напад врз Брисел, неговиот одговор беше недвосмислен:

„Не, бидејќи тогаш тој би го погодил срцето на НАТО, а потоа ние би ја срамниле Москва со земја“. Франкен ја изрази својата цврста поддршка за американското лидерство во рамките на НАТО и ја повтори својата доверба во Член 5, клаузулата за заемна одбрана што е основа на Алијансата.

На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп би го почитувал Член 5, Франкен рече да. „Секако дека би го сторил тоа. Има многу предрасуди во Европа кон американската влада. Зошто не би го почитувал Член 5?“

Франкен истакна дека е повеќе загрижен за употребата на хибридно војување од страна на Русија отколку за заканата од конвенционален напад. „Крстосувачки проектил кон Брисел? Јасно е дека тоа би го активирало Член 5, без разлика која дефиниција ја користите. Путин нема да го стори тоа“, рече тој.

Министерот за одбрана не покажа ентузијазам за идејата за заедничка европска армија. Тој ги критикуваше поголемите европски земји за „максимизирање на сопствените пазари“ и праша како земјите, кои во моментов не можат да соработуваат дури ни во набавката на одбранбена опрема, би можеле да ги интегрираат своите национални армии.

„Секој што верува во европска армија продава лага“, рече тој. „За среќа, го имаме НАТО, кој повторно ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија“.

Најнови вести од: Свет

Нов тежок удар врз Иран: Израел го елиминираше командантот одговорен за блокадата на Ормускиот теснец

Тангсири, кој ја предводеше иранската револуционерна морнарица од август 2018 година, се смета за главен архитект на стратегијата за блокада на Ормушкиот теснец.

Израел да купи грчки острови како засолниште на израелскиот народ

Грција има 40 празни острови, кои Израел би можел да гиизнајми на 50 години или да ги купи за „безбедно засолниште за еврејскиот народ во случај на вонредна состојба“ или „засолниште во време на војна“

Рози Мицкоска: Младите да ја користат технологијата, да ја разбираат и применуваат

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.

To top