Свет

Џеј-Ди Венс: Не е точно дека американската војска се повлекува од Европа

САД сакаат да ја охрабрат Европа да „преземе поголема одговорност“ за заедничката одбрана

 

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави за новинарите дека распоредувањето на американските сили во Полска е одложено, додавајќи дека не е точно да се каже дека војниците се повлекуваат од територијата на Европа.

Венс на брифинг во Белата куќа рече дека САД сакаат да ја охрабрат Европа да „преземе поголема одговорност“ за заедничката одбрана.

„Ние не зборуваме за повлекување на сите американски војници од Европа. Зборуваме за пренасочување на некои ресурси за да се зголеми безбедноста на САД. Мислам дека тоа не е лошо за Европа“, рече тој.

Соединетите Држави го преиспитуваат своето воено присуство во Европа и долго време се очекуваше да го намалат, со оглед на барањата на претседателот Доналд Трамп НАТО да преземе поголема улога во одбраната на Европа.

Пентагон се уште не соопшти детали за тоа како го замислува идното распоредување на своите војници на европскиот континент.

„Не го намаливме бројот на војници за 4.000 во Полска. Го одложивме нивното распоредување, што не е намалување на војниците, туку одложување на ротацијата што понекогаш се случува“, додаде Венс.

Извештаите за промената на распоредувањето на војниците во Полска предизвикаа остри критики од американските законодавци кои се загрижени поради можноста Трамп да ги напушти своите сојузници.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top