Свет

Еди Рама: ЕУ прави стратешка грешка што ги прекина сите канали со Русија

„Ние немаме никаква зависност од Русија, никакви инвестиции, руски гас, па можам да го кажам тоа“, вели албанскиот премиер

Европската Унија прави сериозна грешка што не се ангажира директно со руското раководство за завршување на војната во Украина, изјавил за Политико албанскиот премиер Еди Рама, објавија албанските медиуми.

„Можам да кажам дека Европа направи голема стратешка грешка што ги прекина сите канали со Русија. Европа секогаш, секогаш, секогаш, треба да разговара со сите, додава тој.

Со ова, Рама се спротивни на пристапот на високите претставници на ЕУ, како што се претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и главната дипломатка на ЕУ, Каја Калас, кои избегнуваа директен контакт со руските лидери, вклучително и претседателот Владимир Путин, тврдејќи дека таквите разговори се бесмислени ако Москва е решена да ја продолжи војната.

Но, за Рама, чија земја има за цел да се приклучи на ЕУ во наредните години, Европа „се казнува себеси на периферијата на секој иден мировен договор меѓу Украина и Русија, избегнувајќи директен ангажман со Москва“.

„ Колку повеќе го одложуваме (дијалогот со Русија), толку помалку ќе имаме право на глас на крајот, бидејќи без разлика како ќе заврши оваа војна, Русија нема да оди никаде“, рекол тој,

Додал дека неговата земја нема никакви поврзаност со Русија, ниту зависност од неа.

„ Ние немаме никаква зависност од Русија, никакви инвестиции, руски гас, па можам да го кажам тоа“, посочил тој.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top