Свет

ЕК подготвува сериозен удар по џебот на пушачите

Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен, ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи, дознава германски Билд.. Во документ од 196 страници, кој го виде „Билд“, Комисијата повикува на „борба против […]

Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен, ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи, дознава германски Билд..

Во документ од 196 страници, кој го виде „Билд“, Комисијата повикува на „борба против потрошувачката на тутун, вклучително и преку даночни мерки што ја намалуваат побарувачката“.

Повисоките даноци би можеле да испратат „ценовен сигнал дека пушењето е навистина штетно и дека треба да се бориме против него со сите средства“.

Според Европската комисија, зголемувањето на даноците и цените на тутунските производи е најефикасната поединечна мерка што може да ја намали потрошувачката и да ги охрабри граѓаните да се откажат од пушењето или барем да пушат помалку.

Комисијата предлага во иднина нивото на данок да се прилагодува според нивото на економски развој на секоја земја-членка, врз основа на посебен индекс.

Според проценките на Европската асоцијација на даночни обврзници, ова би значело зголемување на даноците на тутун за околу 20 проценти за Германија.

Претседателот на асоцијацијата, Михаел Јегер, предупреди: „Очекуваме цените на цигарите да пораснат за околу 20 проценти. Ова мора итно да се запре.“

Просечната цена на кутија цигари во Германија моментално е околу 9 евра (вклучувајќи ги даноците). Доколку цените се зголемат за 20 проценти, поголемите пакувања би можеле да станат поскапи за околу едно евро.

Новата директива треба да се однесува не само на класичните цигари, туку и на новите производи од тутун, како што се загреан тутун, никотинските кесички и електронските цигари. Целта е консумирањето на никотин да се направи помалку привлечно, вклучително и во таканаречените форми без чад.

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top