Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

Зборувајќи на ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган се осврна на ширењето на конфликтот низ целиот Блиски Исток, предупредувајќи на скриените мотиви за ваквите дејствија. „Сите добро знаеме дека нападите што прво беа насочени кон Газа, потоа Јемен и Либан, а неодамна и кон Иран, не беа мотивирани само од безбедносни причини“, истакна турскиот лидер.

Ердоган нагласи дека глобалниот систем, изграден особено по Втората светска војна, е во фаза на историски прекин и дека фактите за настаните на Блискиот Исток мора јасно и недвосмислено да се соопштат на светската јавност.

Турскиот претседател остро ги осуди дејствијата на израелските власти во Ерусалим, истакнувајќи дека Израел произволно и без никаква правна основа ја држел џамијата Ал-Акса затворена за муслиманските верници 17 дена. Тој додаде дека паралелното ширење на наративот за „ветената земја“ и „апокалиптичните сценарија“ воопшто не било случајно, туку свесно дизајнирано.

„Од клучно значење е да се ослободиме од наметнатите агенди и да му ги објасниме на светот овие реалности, ова варварство и состојба на лудило на начин што ќе остави силен белег“, рече Ердоган.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top