Свет

Европа од следниот месец може да се соочи со недостиг на горива

Меѓународната агенција за енергетика ги повика земјите да ја намалат потрошувачката на енергија, вклучително и повеќе работа од дома, помала брзина на сообраќајот и поголема употреба на јавниот превоз. Во Азија, некои земји веќе воведоа четиридневна работна недела, ја ограничија употребата на климатизација и ги откажаа службените патувања.

Тропа ли кризата се повеќе во Европа. Па така, веќе следниот месец би можела да се соочи со недостиг на горива поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупредува извршниот директор на компанијата „Шел“, Ваел Саван. Според него, глобалниот недостиг на нафта и гас веќе принудило некои делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија, како и дека последиците се закануваат да се прошират кон Европа во следниот период.

Поради тоа, како што пишува британски „Телеграф“, европските влади би можеле да бидат принудени да ја ограничат потрошувачката на енергија, мерка што не е преземена од енергетската криза во 2022 година.

Откако Иран го затвори Ормускиот Теснец, во Персискиот Залив е блокирана околу една петтина од светските резерви на нафта и течен природен гас. Воени извори за „Телеграф“ изјавија дека Обединетото Кралство ги предводи напорите за повторно отворање на клучната трговска рута, а се разгледува и можноста за користење беспилотни летала за уништување мини.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за евентуална копнена инвазија на клучните острови покрај иранскиот брег, иако вчера изјави дека продолжуваат мировните преговори со Техеран.

Извори за „Телеграф“ изјавија дека потпретседателот Џеј-Ди Венс ја презема улогата на преговарач бидејќи Иран одбива да разговара со претставниците на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Меѓународната агенција за енергетика ги повика земјите да ја намалат потрошувачката на енергија, вклучително и повеќе работа од дома, помала брзина на сообраќајот и поголема употреба на јавниот превоз. Во Азија, некои земји веќе воведоа четиридневна работна недела, ја ограничија употребата на климатизација и ги откажаа службените патувања.

Првиот човек на „Шел“, говорејќи на конференција во Хјустон, предупреди дека и Европа можеби наскоро ќе мора да преземе слични мерки.

  • „Последиците се шират како бранови. Гледаме дека Јужна Азија е првата што го носи товарот, кој потоа се префрла во Југоисточна и Североисточна Азија, а како што влегуваме во април, тоа сè повеќе ќе се почувствува и во Европа“, рече тој.

Затоа, како што додаде, се обидуваат да соработуваат со владите и да ги предупредат за механизмите што можеби ќе треба да ги воспостават – вклучувајќи мерки за намалување на побарувачката и одлуки за складирање на нафта и гас.

 

Најнови вести од: Свет

Нафтата падна за 4 отсто откако Трамп сигнализираше преговори со Иран

Сегашното нарушување на снабдувањето со нафта претставува најголем шок во последниве децении кога се мери како дел од глобалната понуда, изјави ко-раководителот на одделот за истражување на глобални стоки во „Голдман Сакс“, Даан Струјвен, во разговор со медиумите, нагласувајќи го невообичаено високото ниво на неизвесност со кое се соочуваат пазарите.

За неколку дена Европа може да остане без горива!?

Ивршниот директор на Шел, Ваел Саван., вели дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принуди делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена

Најнови вести

To top