Свет

Фицо: Укинувањето на правото на вето ќе значи почеток на крајот за ЕУ !

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги осуди обидите на Европската комисија да обезбеди одлука на ниво на ЕУ за укинување на правото на вето на земјите-членки за прашања од надворешната политика. „Укинувањето на правото на вето на земјите-членки на ЕУ би го означило почетокот на крајот на Унијата!“ – предупреди Фицо.

„Европскиот континент поминува низ огромна криза.“ – рече словачкиот премиер, укажувајќи: „Укинувањето на ветото ќе биде почеток на крајот на ЕУ, почеток на крајот на оваа значајна меѓународна организација, што никој од нас не го посакува. Ако изнесува некој вакви предлози, тогаш тој покажува неспособност за постигнување компромиси.“ – посочи Фицо.

„Укинувањето на правото на вето ќе претставува и отворено кршење на сите принципи, врз кои се темелат договорите на ЕУ. Не можете да го отстраните правото на вето на земјите-членки и да донесете одлука со квалификувано мнозинство.“ – посочи Фицо. „Тоа значи дека 27 земји-членки доаѓаат на состанок на Советот, а големите земји им велат на малите: ‘Така ќе биде’. Тогаш зошто воопшто треба да бидеме таму? Укинувањето на правото на вето е почеток на крајот на Европската Унија.“ – дополни словачкиот премиер.

Тој предупреди дека „иднината на Европската Унија не изгледа розева“ и го повика евроблокот да се справи, како што рече, со „прашањето како функционира гласањето со квалификувано мнозинство“. 

Фицо изрази „особена загриженост“ во врска со изјавата во таа смисла на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, која, според него, „веднаш, по објавувањето на резултатите од изборите во Унгарија повторно го отвори прашањето за укинување на правото на вето во прашањата за надворешна политика“.


Фицо кажа и дека Словачка ќе го изнесе овој случај во Судот на правдата на Европската Унија. Унгарија веќе поднесе слична жалба, но останува нејасно дали следната влада под водство на Петер Маѓар ќе ја задржи таа позиција.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top