Свет

Хрватски конзул и сопругата ранети во ирански напад на Тел Авив

Министрот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во ирански напад врз Тел Авив. Како што објави на социјалната мрежа X, зградата каде што живеат била погодена. „Разговарав со нив лично и за среќа, повредите се полесни и не се опасни по живот“, рече министерот. […]

Министрот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, потврди дека хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени во ирански напад врз Тел Авив.

Како што објави на социјалната мрежа X, зградата каде што живеат била погодена.

„Разговарав со нив лично и за среќа, повредите се полесни и не се опасни по живот“, рече министерот.

Тој додаде дека Министерството е во постојан контакт со амбасадата и дека се преземаат сите мерки за да се обезбеди безбедноста на хрватските граѓани во Израел.

„Остро ги осудуваме нападите врз цивилни и дипломатски објекти“, реагираше Грлиќ Радман.

Иранските ракетни напади врз израелска територија дојдоа како одговор на израелските воздушни напади врз цели во Иран, кои, според израелската војска, вклучуваа воени и нуклеарни објекти.

Израел претходно изјави дека операцијата имала за цел да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје и да ја намали заканата од балистички ракети.

Во петокот навечер, Техеран испали десетици ракети, од кои некои ја погодија областа на Тел Авив и околните градови.

Според достапните информации, во нападите загинаа три лица, а десетици беа повредени.

Тоа беше еден од најмоќните директни напади на Иран врз израелска територија досега.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top