Свет

И Виена се нуди за средба Путин-Зеленски

Австрија би обезбедила Путин да не биде уапсен според потерницата од Меѓународниот кривичен суд

Австрија ѝ понуди на својата престолнина Виена да биде домаќин на состанок меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер го изјави ова на онлајн самитот вчера на кој учествуваа на 27 земји и влади на ЕУ, а беше посветен на војната во Украина, објави „Виена онлајн“.

„Нашиот главен град има долга традиција како место за дијалог и нуди одлични услови за меѓународни организации со седиште тука – особено Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)“, рече австрискиот премиер.

Канцеларијата на австрискиот премиер, исто така, забележа дека откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, „учеството на лицата против кои е издадена налог од МКС во какви било мировни преговори мора однапред да се договори со судот“.

„Доколку преговорите се одржат во Виена, ќе го контактираме Меѓународниот кривичен суд (МКС) за да го обезбедиме учеството на претседателот Путин“, се вели во соопштението на австриската влада.

Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можела да се одржи пред крајот на овој месец.

Досега, Женева, Виена, Рим, Будимпешта и Доха се разгледуваат како можни локации за средбата.
Извори велат дека Женева, Швајцарија (предлог на Макрон), се смета за најдобра опција.

Од друга страна, Рим и Ватикан се наводно неприфатливи за Русија, додека пак Будимпешта не е соодветна локација за Украина, како што изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Најнови вести од: Свет

На автопат во Италија „полицајци“ запреа трезор-возило со нелегални ротациски светла и го разнесоа, за да го ограбат! Видео)

Филмски сцени се случија претпладнево во јужна Италија, кога возило за превоз на пари беше на многу лукав начин ограбено од засега непознати ограбувачи. Разбојниците користеле возила со нелегални ротациски светла за да ги направат слични на полициски возила и да го прелажат возачот на блиндираното комби да запре. Група маскирани и вооружени мажи нападнаа и разнесоа трезор-возило за да дојдат до парите – правејќи го тоа среде автопатска лента, откако претходно му го попречиле патот со наводни полициски возила.

Унгарија пак ја обвини ЕУ за двојните стандарди

Нивото на интелектуалност во европските политички дебати е многу ниско сега, бидејќи штом се обидете малку да отстапите од мејнстримот или да одите против него, веднаш ве сметаат за руски шпион, пријател на Путин, пријател на Лавров, пропагандист на Кремљ итн

Супербол 2026: Bad Bunny испорача незаборавно шоу и испрати интересна порака до Американците која не му се допадна на Трамп (ВИДЕО)

Бед Бани (Bad Bunny) го воодушеви светот со својот настап како главна ѕвезда на полувремето на Супербоул LX (2026), кој се одржа на 8 февруари на стадионот Levi’s во Санта Клара, Калифорнија.

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

To top