Свет

Иран: Ормутскиот теснец е затворен само за нашите непријатели

Oрмускиот теснец не е целосно затворен

Иран соопшти дека Ормутскиот теснец не е целосно затворен, туку дека ограничувањето важи само за танкери и бродови што припаѓаат на непријателите на Техеран и нивните сојузници.

Ова го изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат иранските државни медиуми.

Арагчи предупреди дека Иран ќе нападне објекти на американски компании во регионот доколку иранската енергетска инфраструктура стане цел на нови напади.

Трамп: Испраќаме воени бродови во Ормускиот Теснец, се надевам дека ќе ни се приклучат Кина, Франција и Јапонија

„Ормутскиот теснец е затворен само за танкери и бродови што им припаѓаат на непријателите на Иран и на нивните сојузници“, изјави Арагчи.

Тој додаде дека Техеран ќе постапува внимателно и ќе се обидува да избегне напади врз населени подрачја, иако, како што нагласи, Иран е подготвен да возврати ако неговите енергетски капацитети бидат нападнати.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top