Свет

Иран се одмаздува за убиството на Али Лариџани

Погребот на убиениот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, ќе се одржи денеска, објави ИРНА, но без детали каде ќе се одржи погребната церемонија

Синоќа, Техеран започна нов бран напади против Израел, нагласувајќи дека се одмаздува за смртта на Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Погребот на Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, ќе се одржи денеска, објави ИРНА.

Не се дадени детали за тоа каде ќе се одржи погребната церемонија.

Али Лариџани беше убиен во вторникот во израелска воена операција.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и Корпусот на Исламската револуционерна гарда ветија дека ќе ја одмаздат смртта на Лариџани.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран се сметаше за еден од највлијателните лидери во земјата. Некои медиуми веруваа дека во последните месеци, Али Лариџани бил де факто носителот на одлуки за најважните прашања во земјата.

Вчера, „Исламската револуционерна гарда објави (…) бран ракетни напади против Израел како одмазда за смртта на иранскиот маченик Лариџани“, објавија ирански медиуми..

Во соопштение од иранските државни медиуми, Исламската револуционерна гарда, исто така, истакна дека за време на нападот биле испукани ракети „Корамшахр-4“ и „Квадр“  кои  биле насочени кон областа во близина на Тел Авив.

Едно постаро семејство од израелскиот град Рамат Ган беше убиено во иранскиот напад.

Двајца други беа повредени на автобуска станица во Тел Авив, објавија израелските медиуми.

Тие известуваат дека главната цел на иранските напади со касетна муниција биле централните делови на Израел.

Материјална штета е предизвикана од касетна муниција во централен Израел.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека најмалку четири локации во Кафр Касим, во централниот дел на земјата, биле оштетени како резултат на последниот ракетен напад од страна на Иран.

 

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top