Свет

Изјава на Трамп ја спушти цената на нафтата

Референтната цена на нафтата денеска, 10 март падна откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“

Цените на фјучерсите на нафтата на глобалните и американските пазари во понеделник го достигнаа највисокото ниво од август 2022 година. – дури 119 долари по барел.

Последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина.

Но, цените паднаа  по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната ќе заврши „многу скоро“.

Така суровата нафта „брент“ падна за околу 8,5% на 92,50 долари за барел.

Американската сурова нафта, исто така, падна за околу 9% на 88,60 долари за барел. 

Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните четири години, бидејќи војната против Иран , сега влезе во втората недела, ги блокираше земјите и местата критични за производството на нафта и транспорт на нафта и гас од Персискиот Залив.

Во меѓувреме Иран предупреди дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од регионот доколку продолжат нападите меѓу САД и Израел.

САД ќе пуштат нафта од своите резерви, но сметаат и на руска!?

 

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

To top