Свет

Израел го нападна Иран, Техеран најави одмазда

Нападот е дел од воената операција за која израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека имала за цел „неутрализирање на егзистенцијалната закана“ што ја претставува нуклеарната програма на Иран. Иранските медиуми известија за експлозии, вклучувајќи и во главниот објект за збогатување ураниум во Натанз, додека Израел прогласи вонредна состојба во очекување на одмазднички напади со проектили […]

Нападот е дел од воената операција за која израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека имала за цел „неутрализирање на егзистенцијалната закана“ што ја претставува нуклеарната програма на Иран.

Иранските медиуми известија за експлозии, вклучувајќи и во главниот објект за збогатување ураниум во Натанз, додека Израел прогласи вонредна состојба во очекување на одмазднички напади со проектили и дронови.

Иранската револуционерна гарда потврди дека во нападот загинал нејзиниот главен заповедник Хосеин Салами, а државните медиуми објавија дека било погодено седиштето на гардата во Техеран. Се додава дека во главниот град загинале и неколку деца.

Портпаролот на израелската војска изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 беспилотни летала кон Израел во последните часови, откако Техеран се закани со одмазда за израелските напади.

Во исто време, беше потврдено дека околу 200 израелски борбени авиони учествувале во ноќните напади врз повеќе од 100 цели во Иран.

„Израел се соочува со тешки времиња“, рече портпаролот, според Ројтерс.

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи кажа дека „Израел ја ослободил својата зла и крвава рака во злосторство против Иран“ и додаде дека ќе го снајде горчлива судбина.

Од израелската војска кажаа дека се погодени десетици нуклеарни и воени мети. Еден функционер изјави дека Иран имал доволно материјал да направи 15 атомски бомби.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top