Свет

Израелците не го сакаат Нетанјаху

На прашањето дали треба повторно да се кандидира за премиер, 52% од испитаниците одговориле со „не“

Mнозинството Израелци не веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху треба да се кандидира на следните избори, покажа анкета спроведена од „Канал 12“

Анкета спроведена од Канал 12 покажа дека мнозинството Израелци не веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху треба да се кандидира на следните избори.

На прашањето дали треба повторно да се кандидира во трката, 52% од испитаниците одговориле со „не“, додека 41% рекле со „да“, а преостанатите 7% рекле дека не се сигурни, објави АП.

На прашањето кој треба да ја преземе функцијата лидер на партијата Ликуд на Нетанјаху, 48% од испитаниците рекле дека не се сигурни или дека нема да изберат ниту една од опциите.

Меѓу опциите беа поранешниот шеф на Мосад, Јоси Коен, министерот за стратешки прашања Рон Дермер, министерот за одбрана Израел Кац и други.

додека 41% рекле „да“, а преостанатите 7% рекле дека не се сигурни, објави АП.

На прашањето кој треба да ја преземе функцијата лидер на партијата Ликуд на Нетанјаху, 48% од испитаниците рекле дека не се сигурни или дека нема да изберат ниту една од опциите.

Меѓу опциите беа поранешниот шеф на Мосад, Јоси Коен, министерот за стратешки прашања Рон Дермер, министерот за одбрана Израел Кац и други.

Сепак, владејачката партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху би останала најголемата партија во Кнесетот (израелскиот парламент) доколку изборите се одржат денес, а резултатите покажуваат дека премиерот ужива зголемена поддршка по договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.

Сепак, анкетата покажува пад од три места за партијата во споредба со анкетата од минатата недела, спроведена во деновите по ослободувањето на преостанатите 20 живи заложници, при што сега се предвидува партијата да освои 31 место.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top