Свет

Уште 800 еврејски домви на палестинска територија

Од крајот на 2022 година, околу 51.370 станбени единици се одобрени од страна на Врховниот совет за планирање на владата на Западниот Брег, територија што Палестинците ја бараат за идна држава

Израел даде конечно одобрение за изградба на 764 станбени единици во три населби на окупираниот Западен Брег, изјави министерот за финансии Безалел Смотрих, цитиран од Ројтерс.

Смотрих, ултранационалист кој се противи на создавањето палестинска држава, рече дека откако го започнал својот мандат кон крајот на 2022 година, околу 51.370 станбени единици се одобрени од страна на Врховниот совет за планирање на владата на Западниот Брег, територија што Палестинците ја бараат за идна држава.

Еврејски доселеници напаѓаат Палестинци и палат домови (ВИДЕО)

„Ние ја продолжуваме револуцијата“, рече Смотрих во соопштението, додавајќи дека најновото одобрување на станбените единици „е дел од јасен стратешки процес за зајакнување на населбите и обезбедување континуитет на животот, безбедноста и растот… и вистинска загриженост за иднината на Државата Израел“.

Повеќето светски сили ги сметаат израелските населби – на земјиште што го освои во војната во 1967 година – за нелегални, а повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН го повикаа Израел да ги запре сите активности за населување.

„За нас, сите населби се нелегални… и тие се спротивни на сите резолуции со меѓународен легитимитет“, изјави за Ројтерс Васел Абу Јусеф, член на извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина.

Израел вели дека населбите се клучни за неговата безбедност и имаат библиски, историски и политички врски со територијата.

Нападите на израелските доселеници врз Палестинците се во пораст. Најмалку 264 напади врз Палестинци се регистрирани на Западниот Брег во октомври, што е најголем месечен број откако претставниците на ОН почнаа да ги следат ваквите инциденти во 2006 година, според извештај на ОН.

 

Најнови вести од: Свет

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

To top