Свет

Јапонски министер се извини дека „не купува ориз“, оти го добивал како подарок

Министерот за земјоделство на Јапонија, Таку Ето, се извини за изјавата дека „никогаш не морал да купува ориз“ благодарение на подароците од поддржувачите, објави Ројтерс. Неговата изјава ги налути потрошувачите кои се соочуваат со екстремно високи цени на основните прехранбени производи. По изјавата социјалните ммрежи беа преплавени со лути коментари. „Готов сте. Побрзајте и поднесете […]

Министерот за земјоделство на Јапонија, Таку Ето, се извини за изјавата дека „никогаш не морал да купува ориз“ благодарение на подароците од поддржувачите, објави Ројтерс.

Неговата изјава ги налути потрошувачите кои се соочуваат со екстремно високи цени на основните прехранбени производи.

По изјавата социјалните ммрежи беа преплавени со лути коментари.

„Готов сте. Побрзајте и поднесете оставка“, напиша еден корисник на социјалната мрежа X.

Ето се извини за своите зборови, објаснувајќи дека се изразил неточно и можеби претерал, и го избегна прашањето дали планира да поднесе оставка.

Тој објасни дека сепак во неговото домакинство се купува ориз.

„Сопругата штотуку ме искара по телефон“, истакна Ето.

„Само ние двајца сме, па обично имаме доволно, но таа ми кажа дека кога ќе ѝ снема, всушност излегува и купува ориз.“

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

To top