Свет

Катастрофа близу Анкара, во авионска несреќа загинал началникот на армијата на Либија

Комуникацијата со деловниот авион „Фалкон 50“ прекинала откако пријавил вонредна состојба во близина на централна Турција

Началникот на либиската армија и високи функционери загинаа во авионска несреќа во близина на Анкара, јавуваат светските медиуми.

Турските власти велат дека комуникацијата со деловниот авион „Фалкон 50“ на пат кон Триполи, откако пријавил вонредна состојба во близина на централна Турција.

Началникот на либиската армија ја посетил Анкара на разговори со својот турски колега и високи команданти.

Премиерот на Либија, Абдулхамид Дбеибе, ја објави смртта на началникот на Генералштабот на армијата на земјата и неколку високи функционери по трагичната несреќа додека се враќале од официјална посета на Турција.

Во објава на X, Дбеибе објави дека ја примил веста „со длабока тага и жал“, потврдувајќи ја загубата на генерал-потполковник Мохамед ал-Хадад и членовите на неговата делегација.

Меѓу загинатите покрај ал-Хадад се началникот на Генералштабот на копнените сили, началникот на органот за воено производство, советник на началникот на армијата и фотограф од медиумската канцеларија.

Премиерот рече дека инцидентот се случил за време на нивното враќање од турската престолнина Анкара, без да даде дополнителни детали за околностите.

Нарекувајќи го голем губиток за нацијата и вооружените сили, премиерот рече дека Либија изгубила луѓе кои ѝ служеле на својата земја со „искреност, дисциплина и национална посветеност“, изразувајќи сочувство до нивните семејства, колегите во војската и пошироката либиска јавност.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, претходно изјави дека остатоците од приватниот авион што се упатил кон Либија, а го носел началникот на либиската армија, а кој тргнал од Анкара, се пронајдени во округот Хајмана во Анкара.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top