Свет

Ќе нема кој да им помогне на милиони Палестинци

Агенцијата на ОН работи во Газа, Западниот Брег, Либан, Јордан и Сирија, обезбедувајќи помош, образование, здравствена заштита, социјални услуги и засолниште за 2,6 милиони Палестинци

 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во вторникот ги повика земјите да го покријат финансискиот јаз од 100 милиони долари за Палестинската агенција на ОН за бегалци (UNRWA), предупредувајќи дека организацијата се приближува до „критична точка“ по големите мерки за намалување на трошоците и штедење.

Гутереш на состанокот на Генералното собрание на ОН за доброволни придонеси рече дека ситуацијата со UNRWA е сè понесигурна со оглед на големите ограничувања низ окупираната палестинска територија што ја попречуваат нејзината работа, заедно со големиот недостаток на пари.

Агенцијата на ОН работи во Газа, Западниот Брег, Либан, Јордан и Сирија, обезбедувајќи помош, образование, здравствена заштита, социјални услуги и засолниште за 2,6 милиони Палестинци.

САД беа најголемиот донатор на UNRWA, но го намалија финансирањето во јануари 2024 година, откако Израел обвини десетина вработени на УНРВА за вмешаност во смртоносниот напад на милитантите на Хамас во октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа. Шведска, исто така, го намали финансирањето минатата година, некои други додека се истражуваат наводите, но повеќето продолжија да придонесуваат, забележа Ројтерс.

Гутереш рече дека кризата со ликвидноста на агенцијата ја загрозува нејзината способност да го исполни својот мандат, кој беше обновен од Генералното собрание пред шест месеци со огромна поддршка од членовите.

„Не можам да продолжам вака без итна поддршка и финансиска помош од земјите-членки“, рече Гутереш, истакнувајќи дека агенцијата презела решителни чекори за спроведување на реформите и ажурирање на својата политика за надворешни и политички активности по израелските обвинувања.

„UNRWA е стабилизирачка сила во време на нестабилност“, рече тој, отфрлајќи ги, како што рече, континуираните напори за поткопување на агенцијата преку „дезинформации, кампањи за оцрнување, законодавни дејствија, оперативни ограничувања и дипломатски блокади“.

Ваквите акции ја загрозуваат благосостојбата на милиони Палестинци, како и на персоналот на UNRWA, рече Гутереш, меѓу другото, истакнувајќи дека 390 вработени на Агенцијата биле убиени во Газа од октомври 2023 година.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top