Свет

Кина го забрани објавувањето на оваа снимка (ВИДЕО)

Видеото од порој вода што тече низ  Ѓиронг, еден од главните гранични премини меѓу Непал и Тибет, стана вирално

 

 

Поројот однесе сè на својот пат додека стотици луѓе бегаа за да си го спасат животот.

Снимката, снимена со камери за надзор, брзо се прошири низ социјалните медиуми и телевизиските екрани, но не и во Кина, објавува Би-Би-Си.

Кинескиот централен државен весник досега објави само една фотографија од настанот.

Видеата тешко се наоѓаат на силно цензурираниот интернет во Кина, а објавите што ги опишуваат ненадејните поплави се подеднакво тешко достапни.

Стотици животи се изгубени од средата, а стотици други сè уште се бараат. Пекинг започна масовна операција за спасување во која учествуваат стотици работници за итни случаи, а операцијата сè уште е во тек.

Претседателот Си Џинпинг одржа итен состанок со службениците за да ги координира напорите на терен.

Сепак, споредувањето на содржината достапна на кинескиот интернет со она што остатокот од светот го виде во последните денови јасно го покажува обемот на кинеската цензура.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top