Свет

Кина и Северна Кореја ги зајакнуваат билатерални односи пред самитот на АПЕК

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, на средбата со севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сонг-хуи во Пекинг

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, на средбата со севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сонг-хуи во Пекинг, нагласи дека зајакнувањето и развојот на билатералните односи меѓу Кина и Северна Кореја е постојана стратешка цел на Кинеската комунистичка партија и кинеската влада, според Кинеската новинска агенција Синхуа.

Ванг истакна дека средбата меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на воената парада во Пекинг била историска и резултирала со важен консензус. „Кина и Северна Кореја треба да ги спроведат одлуките на двајцата лидери, да го подигнат нивото на нивната стратешка комуникација и да ги консолидираат своите размени и соработка“, наведе Ванг.

Според Севернокорејската новинска агенција КЦНА, Чое ја пренела пораката од Ким Џонг-ун дека билатералните односи меѓу двете земји се непроменливи и треба да се развиваат за да одговорат на потребите на времето.

Средбата меѓу двајцата министри се одржа пред посетата на Си Џинпинг на Јужна Кореја, каде тој ќе присуствува на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) на 31 октомври и 1 ноември во Гјонгџу. На самитот се очекува да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top