Свет

Конвој со хуманитарна помош тргна кон Газа

Израелската војска соопшти дека ќе обезбеди „хуманитарни коридори“ за безбедно поминување на конвоите на ОН

Конвој со хуманитарна помош тргна од Египет кон Појасот Газа по зголемениот меѓународен притисок и предупредувањата од голем број хуманитарни агенции дека масовното гладување се шири низ енклавата.

Израелската војска соопшти дека ќе обезбеди „хуманитарни коридори“ за безбедно поминување на конвоите на ОН што доставуваат помош до жителите на Газа и дека ќе воспостави „хуманитарни паузи“ во густо населените области.

Израел претходно продолжи да доставува помош по воздушен пат до Појасот Газа, што го потврдија и палестински извори.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја опиша кризата како „масовно гладување предизвикано од човечка активност“.

Повеќе од 125 луѓе починаа од неухранетост, вклучувајќи 85 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа вчера.

Хуманитарна помош за Газа со – падобрани

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top