Свет

Лаен: САД ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, но ние ќе им одговориме непоколебливо!

Осврнувајќи се на случувањата околу Гренланд претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека ЕУ ги смета Американците не само за сојузници, туку и за пријатели, дополнувајќи дека „но тие ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, од која корист би имале само противниците на Унијата и САД“. – Затоа, нашиот одговор ќе биде непоколеблив, обединет и соодветен. Мора стратешки да пристапуваме кон ова прашање. Затоа работиме на пакет за поддршка на безбедноста на Арктикот, рече Лаен.

Според Лаен, предвидениот пакет се заснова врз принципот дека суверенитетот и интегритетот на Гренланд и Данска не се предмет на преговори, предвидува европски инвестициска поддршка за раст на гренландската економија и инфраструктура, како и зајакнување на пошироката безбедност на Арктикот и на безбедносни партнерства на ЕУ со партнери како Велика Британија, Канада, Норвешка и Исланд.

– Верувам дека Европа треба да се прилагоди на новата безбедносна архитектура и реалностите со кои се соочуваме сега. Затоа Европа подготвува своја безбедносна стратегија, која планираме да ја објавиме подоцна оваа година. Во сржта на ова ќе биде фундаменталниот принцип: Суверените луѓе треба да одлучат за својата иднина, рече Фон дер Лајен.

– Светот можеби е многу поразличен денеска, но верувам дека геополитичките шокови можат и мора да послужат како можност за Европа. Според мене, сеизмичката промена низ која поминуваме денеска е можност, всушност неопходност, за изградба на нова форма на европска независност, изјави Фон дер Лајен во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос.

Според неа, речиси незамисливиот обем на промените ја поттикнува Европа да дејствува и се движи брзо, но таа мора да препознае дека оваа промена е трајна.

Ако оваа промена е трајна, тогаш и Европа мора трајно да се промени. Време е да се искористи оваа можност и да се изгради нова независна Европа, нагласи Фон дер Лајен.


Најнови вести од: Свет

ЕУ сѐ уште без одлука за камионџиите од Западен Балкан, до кога?!

Шенгенските правила им дозволуваат на патниците максимален престој од 90 дена во кој било 180-дневен период во целата Шенген зона. Ова ги вклучува и државјаните на кои не им е потребна виза за влез. Периодот од 180 дена е таканаречен „ротационен“ прозор, што значи дека секој ден престој се брои 180 дена наназад за да се осигури дека ограничувањето од 90 дена не е надминато.

Романски државјанин уапсен во Италија: Се обидел да киднапира 18-месечно девојче во супермаркет (ВИДЕО)

Инцидентот се случил завчера околу 13:00 часот, кога мажот влегол во супермаркет додека семејството – родителите со нивната мала ќерка – ја напуштале продавницата.

Токсин 200 пати посилен од морфинот: Британците открија како е убиен ривалот на Путин

Навални помина три години во затвор, а непосредно пред смртта бил префрлен во арктичка казнена колонија. Според руските извештаи, 47-годишникот се почувствувал лошо по кратка прошетка, се срушил и никогаш не се освестил.

To top