Свет

Ларијани ќе го предводи привременото раководство во Техеран

Иранскиот политички ветеран Али Ларијани денеска соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс.

Иранскиот политички ветеран Али Ларијани денеска соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс.

Ларијани, кој лани повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран, беше претседател на парламентот од 2008 до 2020 година и важи за прагматична личност што одржува односи со различни фракции во системот.

Роден во 1958 година во Наџаф (Ирак) во угледно клерикално семејство, тој докторирал филозофија во Иран.

Во август 2025 година беше именуван за секретар на Врховниот совет за национална безбедност – функција што ја извршувал и претходно.

Како близок соработник на Хамнеи, Ларијани учествувал во подготовките за индиректни нуклеарни разговори со САД во Оман, а во изминатите месеци повеќепати патувал во Москва на средби со руското раководство.

Тој зазема прагматичен тон за нуклеарното прашање: загриженоста на САД може да се реши, но иранската нуклеарна технологија „не може да се уништи“.

Во јануари 2026 година САД му воведоа санкции, обвинувајќи го дека имал водечка улога во задушувањето на антивладините протести.

Американското Министерство за финансии тврди дека Ларијани повикал на насилен одговор против демонстрантите, додека организации за човекови права наведуваат дека во пресметките биле убиени илјадници лица.

Соопштението на Ларијани за воспоставување привремено раководство доаѓа во момент на длабока политичка криза во Иран по смртта на Хамнеи, кој ја водеше земјата од 1989 година. Ова е првпат по повеќе од три децении што Иран се соочува со ваква транзиција во врховното раководство среде активни воени операции.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top