Свет

Лавров: Дали е Зеленски легитимен претседател!?

Путин постојано изразува сомнежи за легитимитетот на украинскиот претседател бидејќи неговиот мандат (требаше да) истече во мај 2024 година, но нови претседателски избори не се одржаа поради војната

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво мора да се решат некои прашања, вклучително и дали украинскиот лидер има легитимитет да го потпише договорот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На прашањето на новинарите дали Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, Лавров со одговор:

„Нашиот претседател постојано повторува дека е подготвен да се сретне, вклучително и со Зеленски“ но како што објасни „пред потпишувањето на идните договори, треба да се реши прашањето за легитимитетот на лицето што ги потпишува тие договори од украинска страна.“

Путин постојано изразува сомнежи за легитимитетот на Зеленски бидејќи неговиот мандат требаше да истече во мај 2024 година, но нови претседателски избори не се одржаа поради војната.

Киев тврди дека Зеленски е сè уште легитимен претседател.

Руските претставници велат дека се загрижени дека ако Зеленски потпише договорот, потенцијален иден украински лидер би можел да го оспори документот врз основа на тоа што мандатот на Зеленски технички истекол.

Најнови вести од: Свет

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top