Свет

Лавров: Средбата Путин-Трамп зависи од САД

Најавуваната средба на двајцата претседатели не е откажана туку „одложена“

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека изгледите за нова средба меѓу рускиот и американскиот лидер Владимир Путин и Доналд Трамп зависат од Вашингтон, кој првично предложи таква средба, а потоа ја одложи, пренесува Интерфакс.

„Значи, постои иницијатива и ние сме учтиви луѓе. Кога ќе бидеме поканети, ќе кажеме дека прифаќаме и ќе се договориме за формата, местото и времето. Американскиот претседател Трамп претходно изјави дека поканата се откажува.

Подоцна, Американците рекоа дека „откажување“ значи „одложување“. Значи, сè зависи од иницијаторот“, рече рускиот министер во интервју за YouTube каналот „Ultrahang““.

Во врска со неговите неодамнешни контакти со Рубио, тој нагласи дека неговиот американски колега „не спомнал нови средби или преговори“, а самиот Лавров „не го покренал ова прашање, бидејќи иницијативата дојде од Соединетите Американски Држави“.

„Подготвени сме да продолжиме напред со темпо што им одговара на Американците“, рече рускиот министер.

Москва ги негираше тврдењата дека планираната средба е откажана, но нагласи дека таквата средба мора внимателно да се подготви, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

„Претседателите не можат да се сретнат само заради средбаа – не можат да си дозволат „да губат време. Затоа ги задолжија Лавров и (американскиот државен секретар Марко) Рубио да го подготват процесот. Тој е комплициран“, рече Песков.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top