На неформалниот собир пред средбата на врвот на НАТО шефоците на држави и на влади од земјите-членки се договориле да не го спомнуваат Светското првенство во фудбал пред американскиот претседател Доналд Трамп, за да не го дразнат врховниот командант на армијата на САД.
Извори велат дека тој е многу чувствителен на таа тема откако изби скандал од планетарни размери по одлуката на ФИФА да ја претвори во условнса суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогaн, кој доби директен црвен картон за нагазувањето на Тарик Мухаремовиќ од Босна и Херцеговина, па лидерите се согласиле да молчат за да не избувне нов скандал со Американците.
Трамп јавно призна дека му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да се преразгледа казната за Балогaн, по што таа чудесно отпадна и тој настапи во осминафиналето против Белгија, но тоа не им помогна на САД за да избегнат убедлив пораз од 4:1.
Токму Инфантино најави дека со Трамп заедно ќе му го доделат пехарот на новиот светски шампион, а Италијанецот на чело на светската куќа на фудбалот во декември минатата година во Вашингтон му ја додели на американскиот лидер новововедената Награда за мир на ФИФА.
Вкупно 35 европратеници потпишаа иницијатива националните фудбалски федерации да побараат од Етичкиот комитет на ФИФА да покрене постапка против Инфантино и за наградата, и за Балогун, поради нарушување на политичката неутралност.