Свет

„Луѓето од Газа не се ниту мртви ниту живи“ (ВИДЕО)

Секое петто дете во Појасот Газа е неухрането, а бројот на случаи расте секој ден

 

Комесарот на Агенцијата на ОН (UNRWA), Филип Лазарини, денеска изјави дека колега му рекол: „Луѓето од Газа не се ниту мртви ниту живи, тие се трупови што одат“.

Повеќе од 100 меѓународни агенции за помош и групи за човекови права, исто така, предупредија на масовно гладување и ги повикаа владите итно да реагираат. Израел, кој ја контролира помошта во Газа, вели дека нема опсада и го обвинува Хамас за неухранетоста.

Но, ОН предупредува дека помошта стигнува до Појасот Газа „во мал број“ и дека хуманитарната криза во регионот „никогаш не била толку тешка“.

Предупредување: Видеото содржи вознемирувачка содржина.

Лазарини денес изјави дека повеќе од 100 луѓе, претежно деца, починале од глад.

„Повеќето деца што ги гледаат нашите тимови се гладни, ослабени и се изложени на висок ризик од смрт доколку не ја добијат итно потребната помош“, рече тој, повикувајќи го Израел да им дозволи на хуманитарните организации да доставуваат помош во Газа без ограничувања или прекини.

Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, вчера соопшти дека уште 10 луѓе починале од глад во последните 24 часа,

Најнови вести од: Свет

Рос: Разликите и внатрешниот расцеп се опасност Европа и ЕУ да бидат парализирани во донесувањето одлуки во клучни моменти!

„На европскиот индустриски собир на врвот Антверпен минатата седмица присуствуваа  стотици европски индустријалци и врвни владини претставници. На овој самит, одржан под покровителство на белгискиот премиер Барт де Вевер, повторно се пројави неколкугодишниот расцеп во ЕУ. Мислењата се поделени по централното прашање: што подразбира, всушност, европскиот стратегиски суверенитет и како може да се постигне? Разидувањата во погледите и околу тактиките на дејствување се опасност да се предизвика поделба во Европа и Европската унија, која ќе го парализира европското донесување одлуки во клучен момент.“ – предупредува Грегоар Рос, директор за програмите за Европа, Русија и Евроазија во „Чатам хаус“ – Меѓународниот институт за меѓународни односи  од Лондон, светски влијателна невладина истражувачка организација. Грегоар Рос е и геополитички аналитичар, експерт за европска политика и независен истражувач во Школата за меѓународна и јавна политика на Универзитетот Колумбија во САД.

Најнови вести

To top