Свет

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД, кој се стреми кон распад на ЕУ!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

Во интервју објавено во неколку европски весници Макрон рече дека Европа не треба да го замени привременото смирување на тензиите со Вашингтон за трајна промена, и покрај привидниот крај на споровите околу Гренланд, трговијата и технологијата. – Кога постои јасен чин на агресија, не треба да попуштиме, или да се обидеме да постигнеме спогодба. Таа стратегија ја испробувавме со месеци. Не функционира, изјави Макрон за неколку весници, вклучувајќи ги Монд и Фајненшл Тајмс.

– САД во наредните месеци, тоа е сигурно, ќе нè нападнат поради дигиталната регулатива, додаде Макрон, предупредувајќи на потенцијалните американски увозни царини доколку ЕУ го искористи својот Закон за дигитални услуги за контрола на технолошките компании.

Францускиот претседател повторно повика на ново заедничко задолжување, како што се еврообврзниците, тврдејќи дека тоа би ѝ овозможило на ЕУ да инвестира во големи размери и да ја оспори хегемонијата на американскиот долар.

Нетпрес

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top