Свет

Макрон: Иранскиот режим не може да биде соборен само од воздух

Не е јасно дали францускиот претседател е заговорник на копнена инвазија ма Иран, за што експерти велат дека е речиси невозможна опција во големата и речиси 100 милионска земја

 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека моменталната ситуација во Иран е „нестабилна“ и дека постои ризик од понатамошна ескалација, но рече дека иранскиот режим не може да биде соборен „само со бомбардирање“, објави АФП.

Не е јасно дали францускиот претседател е заговорник на копнена инвазија ма Иран, за што експерти велат дека е речиси невозможна опција во големата и речиси 100 милионска земја

Во разговор со новинарите за време на посетата на францускиот носач на авиони Шарл де Гол покрај брегот на Крит во Грција, Макрон рече дека неговата земја продолжила со пресретнувањата во последните денови за да ги заштити своите сојузници, но истакна дека Франција „не е вклучена во моменталниот конфликт“.

Тој исто така рече дека верува оти војната на Блискиот Исток ќе трае „можеби неколку недели“.

Францускиот претседател претходно изјави дека неговата земја подготвува „чисто одбранбена“ мисија за отворање на Ормутскиот теснец, додавајќи дека во операцијата би можеле да бидат вклучени неколку европски и азиски земји, вклучително и Индија, кога околностите ќе дозволат.

Само пред некој ден, Макрон побара Иран да гарантира и слобода на пловидба со прекинување на фактичкото затворање на Ормутскиот теснец.

Макрон дури ја повтори нашата длабока загриженост за развојот на нуклеарните и балистичките ракетни програми на Иран и сите негови дестабилизирачки активности во регионот, кои се во коренот на сегашната криза.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top