Свет

Мохтаба Хамнеи е назначен за нов врховен водач на Иран?

Изборот дошол под притисок од Корпусот на исламската револуционерна гарда

 

Одлуката ја донесе моќното Собрание на експерти на Иран, свештеничкото тело одговорно за избор на највисокиот орган на земјата, објавиja медиуми иако официјален Техереан се уште не го сторил тоа.

Се тврди дека изборот дошол под притисок од Корпусот на исламската револуционерна гарда, кој инсистирал на назначувањето на Мохтаба Хамнеи.

Мохтаба Хамнеи, вториот син на убиениот врховен лидер Хамнеи, се смета за поврзан со тврдокорниот конзервативен табор на Иран, како и неговиот татко.

Тој јавно ја поддржа репресијата на режимот врз противниците во Иран и се залагаше за асертивна политика кон надворешните непријатели.

Мохтаба, свештеник од средно ниво кој предава шиитска теологија во светиот град Ком, религиозен центар на Иран, никогаш немал официјална владина позиција, но се верува дека имал значително влијание зад сцената.

Познат е дека има блиски врски со Револуционерната гарда.

Претходно беше соопштено дека и тој бил меѓу роднините на Хамнеи убиени во нападите.

Претходно, иранските медиуми објавија за напад врз зградата на Собранието на експерти во градот Ком.

Според полуофицијалната агенција Тасним, нападот го извршиле американските и израелските сили.

Собранието на експерти е тело составено од 88 свештеници кое има моќ да избере нов врховен лидер на Иран. Тој треба да го наследи ајатолахот Али Хамнеи.

Најнови вести од: Свет

Нафтата падна за 4 отсто откако Трамп сигнализираше преговори со Иран

Сегашното нарушување на снабдувањето со нафта претставува најголем шок во последниве децении кога се мери како дел од глобалната понуда, изјави ко-раководителот на одделот за истражување на глобални стоки во „Голдман Сакс“, Даан Струјвен, во разговор со медиумите, нагласувајќи го невообичаено високото ниво на неизвесност со кое се соочуваат пазарите.

Европа од следниот месец може да се соочи со недостиг на горива

Меѓународната агенција за енергетика ги повика земјите да ја намалат потрошувачката на енергија, вклучително и повеќе работа од дома, помала брзина на сообраќајот и поголема употреба на јавниот превоз. Во Азија, некои земји веќе воведоа четиридневна работна недела, ја ограничија употребата на климатизација и ги откажаа службените патувања.

To top