Свет

Москва: И даваме последна шанса на Украина

„Верувам дека планот може да се користи како основа за конечно мировно решение“, рече рускиот претседател.

 

Владимир Путин за прв пат на состанокот на Советот за безбедност го коментираше новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на денешниот состанок на Советот за безбедност, велејќи дека документот од 28 точки „може да биде основа за конечно решение на конфликтот“.

Москва вечерва ѝ порача на Украина дека „ѝ даваат последна шанса“.

Путин рече дека предлогот на САД во моментов се дискутира само во скица, но дека Русија го смета за сериозна основа за преговори.

„Верувам дека планот може да се користи како основа за конечно мировно решение“, рече рускиот претседател.

Тој додаде дека предлогот не напредувал во преговорите затоа што Вашингтон, тврди тој, не може да ја обезбеди согласноста на Киев.

„Причината е иста: американската администрација сè уште не успеала да ја обезбеди согласноста од украинската страна. Украина е против тоа“, рече Путин.

Русија, тврди тој, потврди во Анкориџ дека се согласува „и покрај постојните тешкотии“ со главните точки од американскиот документ. Новата верзија на планот се појави, рече тој, поради застојот во преговорите.

Во исто време,украинскиот претседател Володимир Зеленски, синоќа се обрати до нацијата и оцени дека ова е „најкритичниот момент од почетокот на инвазијата“ и за огромниот притисок од САД да го прифати планот.

Драматичен настап на Зеленски: Бираме меѓу губење на достоинството или загуба на САД како клучен партнер

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

To top