Свет

Наводна карикатура на „Пророкот Мухамед“ предизвика судири и апсења во Истанбул

Истанбулската полиција во понеделник испука гумени куршуми и солзавец за да ја растера толпата демонстранти откако тие нападнаа бар што го посетуваа вработените во сатиричкото списание „Леман“

FOTO Turkey Today

Турските власти приведоа тројца карикатуристи поради сатиричен цртеж објавен од неделникот „Леман“, на кој се прикажани муслиман по име Мухамед и Евреин по име Мојсеј како се ракуваат на небото додека ракети летаат над нив во сцена што потсетува на војна, објави АФП

Црно-белата карикатурата предизвика остри осуди од владини претставници и религиозни конзервативци кои рекоа дека го прикажува пророкот Мухамед, а демонстрантите нападнаа истанбулски бар каде што често одат вработените во „Леман“, предизвикувајќи судири со полицијата.

Во неколку написи во „Х“, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека полицијата го уапсила карикатуристот одговорен за „овој одвратен цртеж“, главниот уредник на списанието и неговиот графички дизајнер.

„Уште еднаш ги проколнувам оние што се обидуваат да посеат раздор цртајќи карикатури на нашиот пророк Мухамед“, напиша Јерликаја.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

To top