Свет

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на „X“, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војна меѓу Украина и Русија.

„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.

Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.

Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот Пријателство“, или нафтоводот Дружба, кој, според него, е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.

„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и достапно снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.

„Ве повикувам веднаш да го отворите гасоводот „Пријателство“ и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото.

Писмото на Орбан доаѓа пред парламентарните избори во Унгарија закажани за април, каде што тој се соочува со својот најсилен предизвик во последните 15 години – опозицискиот блок предводен од Петер Маѓар кој убедливо води пред владејачката партија Фидес на Виктор Орбан.

Орбан сè повеќе ја гради својата кампања врз спротивставување на Брисел и Украина, претставувајќи се како заштитник на енергетските и националните интереси на Унгарија и противник на понатамошната воена и финансиска поддршка за Киев.

Унгарија распоредува војска за одбрана на енергетската инфраструктура од Украина!

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top