Свет

Орбан „ќе се погрижи“ Украина да не влезе во НАТО

Унгарскиот премиерт изјави дека НАТО не треба да има никаква улога во Украина, нагласувајќи дека земјата не е членка на Алијансата и дека неговата политичка цел е тоа да не се промени. „Украина не е членка на НАТО, исто како Русија. Мојата задача е да се погрижам дека ќе остане така“, порачал Виктор Орбан, според […]

Унгарскиот премиерт изјави дека НАТО не треба да има никаква улога во Украина, нагласувајќи дека земјата не е членка на Алијансата и дека неговата политичка цел е тоа да не се промени.

„Украина не е членка на НАТО, исто како Русија. Мојата задача е да се погрижам дека ќе остане така“, порачал Виктор Орбан, според Украинска правда.

Орбан, исто така, изјави дека не ја смета Русија за сериозна закана за НАТО, иако често се споменува во официјални документи и изјави на Алијансата.

Според него, НАТО е „многу посилен“ од Русија, поради што нема реална опасност. Наместо безбедносна закана, Орбан гледа поголем проблем за Европа во губењето на економската конкурентност.

Орбан ги засили критиките кон Украина во последните месеци, што стана централна тема на унгарската државна реторика.

Тој, исто така, води пропагандна кампања во која ги повикува унгарските граѓани да се спротивстават на членството на Украина во Европската унија.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top