Свет

Осум деца убиени во САД, напаѓачот ликвидиран

Жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години, убиецот е возрасен маж, случајот има елементи на семејно насилство

Најмалку осум малолетници беа убиени, а неколкумина други повредени во масовно пукање во градот Шривпорт, третиот најнаселен во американската држава Луизијана, додека осомничениот напаѓач е исто така мртов, соопшти локалната полиција.

Според полицијата, пукањето се случило рано утрово по локално време, а жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години.

Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, а едно момче е повредено откако скокнало од покрив, објави локална телевизиска станица, филијала на Еј-Би-Си.

Осомничениот, возрасен маж, е убиен во одделен инцидент во округот Босиер Париш.

Голем број полициски сили сè уште се на местото на настанот, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top